Турција и Македонија се природни сојузници, но сега ќе бидеме сојузници официјално и во НАТО, истакна шефот на турска дипломатија  Мевлут Чавушоглу на средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Во сите официјални документи на НАТО каде што се спомнуваше Македонија беше истакнато дека Турција ја познава земјата со уставното име и во понатамошниот процес нашата поддршка ќе продолжи – истакна Чавушоглу.