Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.
Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.
Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.
Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.
Comments are closed for this post.