Владата, преку Министерството за образование, се обидува на три полиња да ги подобри условите за учење.
– Тоа се подобрување на наставниот кадар, обука, дидактика, наставни материјали и во континуитет ивестиции во инфраструктурата – рече министерката за образование Мила Царовска при посетата на ООУ „11 Октомври“, кое неодамна беше реновирано.
– Се обидуваме да направиме напредок во сите три сегменти. Тоа се прави за да се постигнат подобри резултати во образованието, но и на сите натпревари. Сите градоначалници треба на овој начин да прават напори да ги подобрат условите за учење – додаде Царовска.
За иницијативата „Учебници и настава мора да има“, кои најавија протест во сабота низ повеќе градови, Царовска вели дека тоа се уставно загарантирани права. Потенцира дека во МОН имале средба со претставници на неформалната група, дека ги слушнале нивните барања кои се однесуваат на тоа да се тргне родовата еднаквост, да се има печатени учебници место само дигитални, но Царовска вели дека реформите мора да продолжи за да се обезбедат подобри услови за учење, со кои учениците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни низ животот.
– Во нашите учебници имаме толку застарени информации, што само пречат во понатамошниот развој. Реформата не е избрзана, туку задоцнета. Меѓународните истражувања бараат поврзување на знаењата. Токму затоа реформата ќе продолжи да се спроведува, затоа што со години тоа се занемарува – додаде Царовска.
Во однос на партиската определеност на наставниците, која провејува низ образованието и влијае на квалитетот на работата, со оглед на тоа што вработувањето зависи од партија, Царовска вели, затоа се воведува надргадба за наставниците за нивни развој, но и трајно вработување.
– Ако досега беа на три месеци, шест месеци, па година, со што се постигнуваше несигурност кај наставниците, место да се посветат на работата, сега тоа го менуваме и им нудиме дури и усовршување, за да можат да ја извршуваат својата работа како што треба – додаде Царовска
Comments are closed for this post.