За да не се загрева цела училница, можно е наставниците наместо во училиште, од дома да држат онлјан настава, изјави Мила Царовска, министарката за образование и наука која денеска е во посета на Кочани.
Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Важно беше да ги видиме наставниците на своите работни места. Минатата година имаше многу дилеми во јавноста, дека наставниците не одат на работа, земаат целосна плата, не се држи настава. Сега наставниците држат настава од училница, но сега навистина нема потреба да се расфлраат средтва. Може да се донесе одлука тие да работат од дома, но таква одлука ќе донесеме заедно со градоначалниците. Имаме наставници кои одат со физичко присуство затоа што Комисијата за заразни болести тоа го дозволила и ќе оставиме на ниво на колектив да одлучат на кој начин понатаму, согласно грејната сезона ќе се одвива наставата. Кога ќе ја донесеме одлуката ќе ја информираме јавноста“, кажа министерката по посетата на ОУ „Љупчо Сантов“.
Оваа година нема училишни екскурзии.
Испратени се упатства од Бирото за развој на образованието. Може да имаат прошетка, движење до пет километри, учениците заедно со наставниците, но класични екскурзии нема да има, рече Царовска.
Бирото за развој на образованието (БРО) и Државниот просветен инспекторат вчера им препорачаа на наставницте, учениците да ги добијат првите сумарни оценки до 20 ноември, со оглед на тоа што наставата оваа учебна година почна на 1 октомври.
Comments are closed for this post.