Автопатот „Струма“ каде се случи автобуската несреќа на 23 ноември, имал мани, но тие не се причина за несреќата во која загинаа 45 луѓе, беше нагласено на денешната прес-конференција на министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија Виолета Комитова.
Министерство денеска ги објави резултатите од увидот на патниот правец каде што се случи автобуската несреќа на македонски превозник.
Патот не бил ниту автопат, ниту магистрала, ограничувањето прво било 9о километри на час, потоа сменето во 120 на час, но Комитова вели дека брзината на оваа делница треба да е 90 километри на час.
Пожарот е главна причина што има толку загинати-децидна е министерката.
Но, таа додава дека не се знае како настанал пожарот.
Comments are closed for this post.