Дневниот број на новозаразени лица од КОВИД-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на КОВИД-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи.
Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата е 5427, а на починати 460. Досега направени се вкупно 95 169 тестирања на КОВИД-19.
Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1077 тестирања.
Од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.
Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 70 оздравени пациенти, и тоа 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип. Во текот на вчерашниот ден немало починати пациенти.
Comments are closed for this post.