Тројца починати и 127 новозаразени со коронавирус од кои 67 се од Скопје се регистирани во изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања. Со утврдените 127 позитивни, процентот на позитивни лица од тестираните се искачи на досега највисок степен од 18%.
Според анализите на Светската здравствена организација (СЗО), лош знак е ако е голем процентот на позитивни тестови, бидејќи тоа значи дека постојат уште многу случаи кои не се откриени. Тоа, според СЗО, се должи на тоа што во таков случај се тестираат главно очигледните случаи и се случува 80-90 отсто од тестираните да бидат позитивни, а како резултат на тоа здравствените власти немаат јасна слика колку е раширена епидемијата.
Во земјите каде што има пораширено тестирање, процентот на позитивни случаи е многу помал, велат од СЗО.
Според официјалните бројки објавени од Институтот за јавно здравје, 15 февруари до 6 јуни тестирани се вкупно 36.325 материјали (детектирани 3.025 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Comments are closed for this post.