Судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 16 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци на одбраната.
Поранешната заменик министерка за правда Биљана Бришковска Бошковски, рече дека на 27 април 2017 година попладнето, откако дознала за случувањата се упатила во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се види со Иво Котевски, кој бил со Спиро Ристовски и Луке Гелевски.
Се упатив на 8-ми кат, каде беа повеќе функционери и членови на извршен одбор на партијата, директори и градоначалници. Колку што се сеќавам Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ги видов на 8-ми кат на мое заминување од штабот околу 21:30 часот, рече Бришковска.
Прашана дали го познава лицето Александар Василевски – Нинџа, Бришковска рече дека како име и презиме го има сретнато во службена комуникација во Министерството за правда, како лице со големо криминално досие.
Не сум го видела во штабот на ВМРО-ДПМНЕ додека сум била таму. Ликот го знам од медиуми и лице со негова градба сигурно би го приметила, рече Бришковска.
Адвокатите ја прашаа и што може да каже во врска со тоа дека му се јавила на Трајко Вељаноски за пратеници да ги отворат вратите на Собрание.
Апсолутна невистина, такво нешто не би можело да се случи бидејќи периодот кој го споменувате не сум била во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Бришковска-Бошковски
Comments are closed for this post.