Бојан Јовановски испрати ново писмо од затворот Идризово, овојпат адресирано до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, до судијката во случајот „Меѓународен сојуз Софче Гаврилова Ефремова како и до првиот човек на Судскиот совет Павлина Црвенковска.
Во писмото Боки бара да бидат изведени бидат изведени материјалните докази од мојот телефон како што се остварена комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев, со екс градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, со Вице и Трајче Заеви, како и со обвинителката Вилма Русковска.
Тој вели дека нема да се откаже сите овие лица да бидат повикани во суд и испитани во својство на сведоци.
Укажувам дека јас и другите обвинети лица во постапката не се откажавме, ниту ке се откажеме од испитување на сведоците Зоран Заев, Стефан Богоев, Мила Царовска, Александар Кирацовски, Горан Сугарески, Наташа Петровска и други, туку бараме прво да бидат изведени доказите од мојот телефон па потоа да ги испитуваме горенаведените сведоци, бидејки само натој начин ке може точно да се утврди фактичката состојба. Сведоците иако сведочат под заклетва пред судот, познавајќи ја структурата на личноста на поедини сведоци нужно е да им се презентираат материјалните докази претходно изведени пред судот.
Joвановски смета дека на овој начин судот сака да ги амнестира од одговорност Зоран Заев и лица блиски до него.
Тоа е однапред договорена агенда, па во тоа име се случува оваа правна рашомонијада, судски театар и незаконито постапување и прерипување на фази во постапката на штета на обвинитетите! Воедно судот безрезервно ја штити Вилма Русковска од сите нејзини незаконски, негативни и злоупотребувачки дејствија и не ми дозволува да ги изведам доказите поврзани со Русковска и нејзиниот тогашен заменик, а сегашен виш јавен обвинител Наум Пановски!!!!
Стоп, чесен суде, запрете со вашето насилие од позиција на моќ, стоооопп чесен суде, престанете да бидете продолжена рака на власта, застанете и пробајте барем малку да го обелите црниот образ на македонско правосудство. Погледнете го фактот дека граѓините имаат најмалку доверба во правосудниот систем. И оние малку чесни судии, за жал, се ставени на столбот на срамот поради сервилните, корумпираните и политички диригираните судиски власти, бара Јовановски.
Апелирам до судијата Софче Гаврилова Ефремова да ја промени одлуката и да дозволи да се изведат доказите од мојот телефон, па потоа да се повикаат сведоците и да бидат испитани согласно закон!!!
Согласно сите законски одредби доказната постапка не е завршена, бидејќи доказната постапка не е желботека на судијата, па да може да прави што сака со постапката која ја води!!! Апелирам до судијата да не ја злоупотребува својата службена положба и овластување поради и повеќе од очигледната политичко судска спрега!!! Апелирам до судијата да престане да го повредува правото на одбрана, да не го крши флагрантно начелото на фер баланс и еднаквост орудијата на страните во постапката и да не го крши грубо начелото на правично судење!!!!
Апелирааам и ви велам чесен суде, амммаааан вратете ми го телефонот и дозволете ми да ги изведам доказите!!!
Аммааан, зарем не ви се смачи да им служите на политичките ништожници и толку да се бламирате и да ја валкате судиската функција?!?!
Па барем малку покажете личен и професионален интегритет. Покрај тоа што сум згрозен јас сум и фрапиран од вашата сервилност, токму како и онаа на второстепениот апелационен суд кој експресно ја потврди безсмислената пресуда за рекет со милион суштествени повреди на постапката и без точно утврдена фактичка состојба, токму онака како што би рекол заев трас трас одлука на апелација со негово знаење и негов “амин” !!!
Во писмото Јовановски се осврнува и на односот на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.
Апелирам до Иван Џолев, в.д. претседател на судот да престане со влијание и притисоци кои доаѓаат од неговиот властодавател Зоран Заев и да престане да испорачува постапки и пресуди по заевистички модел и желба. Да го потсетам претседателот Џолев дека ниедна функција не е вечна, па во тоа име нека види каде е сега неговиот претходник, кој верувам дека има многу помалку гревови и незаконски дејствија од самиот Џолев!!!
Апелирам до претседателот на Судскиот совет и до сите членови со внимание и активно да ја следат оваа судска катастрофа и да ги преземат сите расположливи законски средства за спречување на ова судско насилие и кршење на правосудната библија, а тоа е ЗКП.
Вие почитувани членови на РСС сте законски инструмент во борбата против злоупотребите на судиските функции, па во таа смисла апелирам да постапите веднаш после овој јавен апел и после писменото кое го упатив до вас на одлучување!
Аргументи и факти имате и повеќе од потребно, а дали имате волја и чесна намера останува да видиме!!!
Тој ги повикува сите граѓани и медиуми да присустуваат во петок на рочиштето на случајот „Меѓународен сојуз“.
Не барам мене да ме браните, барам поддршка за вистината, одговорност за вистинските криминалци, крај на корумпираното и исполитизирано судство под палката на зоран заев или пак било кој друг следен политичар!!! Да, знам дека некои ќе кажат “види го овој, го осудија, па сега му текна да зборува, да бара поддршка, каде беше порано, што не зборуваше порано итн итн…” и во право сте, но разберете ме и не ми замерувајте, бидејки најважно е дека мора од некаде да се почне, затоа со цело срце ја барам вашата поддршка!!!во име на правдата и правната држава!!!
Comments are closed for this post.