Боки 13 денеска ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
На Јовановски и неговиот бранител денеска им истекува и рокот за доставување на свои докази и предложување на сведоци. Сепак адвокатот Сашо Дуковски неодамна истакна дека тие нема да предложуваат ниту докази, ниту сведоци.
До утре, исказ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така има право да предложи свои докази и сведоци.
Comments are closed for this post.