Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави „Телма“.
Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во Општината – вели Богоев за „Телма“.
Како што објави телевизијата им се губи трага и на 233 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.
Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот до кој стаса Телма си побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.
Comments are closed for this post.