Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, испрати апел до родителите да ја почитуваат мерката на Министерството за здравство, за забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот Скопје.
Министерството за здравство денес на територија на градот Скопје прогласи епидемија на мали сипаници – Морбили. Согласно одлуката на министерството, градинките на територија на Општина Центар од утре (3.1.2019; четврток), ќе примаат САМО деца кои го имаат поминато процесот на вакцинација. Апелирам до родителите да се придржуваат до насоките на Министерството за здравство, со цел намалување на опасноста од понатамошно проширување на епидемијата, порача Богдановиќ преку својот фејсбук профил.
Comments are closed for this post.