Не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час. Укажувам дека ова го правиме за да не дојде до порестриктивни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и уште еднаш потенцира дека здравјето на граѓаните е на прво место.
Треба да напрвиме се за да го забавиме покачувањето на бројките на заразени за да одговориме адекватно како здравствен систем и како држава. Одлуката дојде по искуството од веќе една година. Целта е економските оператори да можат непречено да работат, а единствените рестрикции се само за граѓаните што е доволен сигнал за сите, млади и повозрасни, да сфатат дека во оваа битка со непознатиот непријател едно е најважно – нашето здрваје. Се друго, економски последици, изгубени работни места – ќе се надомести, истакна Битиќи по билатералниот состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Тој потсети дека полицискиот час е донесен за две недели.
Се надевам дека нема да треба да се оди со други мерки, а од мојот колега Абазовиќ слушнав дека кај нив се во најава уште порестриктивни мерки зашто бројките се алармантни, потенцира Битиќи.
Comments are closed for this post.