Бисера Антоанета со леснотија ги трошела парите на граѓаните, купила авионски карти во вредност од околу 4000 евра за две патувања и не ги искористила, денес продолжуваме со нови детали.Аздисаноста на СДС, конкретно на Бисера Антоанета никако не сопирала. Секој поминат ден во Министерството за култура бил прилика како да ги искористи за себе народните пари, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Освен чорапи, хулахопки, мечиња, топки, изнајмување на скапи станови таа купувала и авионски карти за Дубаи од 3000 евра за наводно службено патување, а потоа не одела.
Без грам совест иако не патувала, фактурите го носела за да ги оправда парите.
Освен овие, таа платила и две авионски карти за Лондон. Авионските карти биле на релација Приштина-Лондон во еден правец, платила за истите речиси 900 евра и не заминала повторно на патувањето. Како човек на кој не му е гајле како се трошат народните парите, таа и за ова нереализирано патување си носела документи да ги оправда.
Ова аздисано однесување на Бисера Антоанета е еден од многуте докази на расипничкото однесување на СДС и како ја ограбиле државата.
Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес
Comments are closed for this post.