Иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците, како и обврската што ја има Владата за почитување и имплементирање на истиот, законот за јазици не се почитува, велат од БЕСА.
Од партијата денеска одржаа прес-конференција пред Министерство за Финансии кој велат е една од многуте институции кои не го почитуваат законот.
„Законот за употреба на јазиците не го почитуваат и многу други институции, но оваа акција ја инициравме токму пред ова министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев а негов заменик министерот е од редовите на ДУИ, која како и нејзината партија изгледа дека повеќе се грижат за внатрепартиски проблеми отколку да се придржуваат кон и спроведуваат закони што се од голем интерес на Албанците“, потенцираат од БЕСА.
Тие пред Министерството за финансии донесоа плакета напишана на албански јазик за како што велат им послужи како потсетник за поставување на службен натпис и на албански јазик од страна на Владата на Северна Македонија.
Comments are closed for this post.