Движењето БЕСА на Билал Касами се уште немаат одлучено дали ќе излезат со свој кандидат на изборите за претседател или ќе поддржат консензуален предложен од страна на СДСМ и ДУИ.

Оттаму велат дека најважно е тој да биде надпартиски избор кој ќе има широка поддршка кај граѓаните.

Движењето Беса работи зна изнаоѓање на надпартиски кандидат кој ќе има широка поддршка од Албанците, а зошто не и од другите заедници.Во овој правец сме отворени за разговори со политичките партии од албанскиот блок. Ги повикуваме сите заинтересирани страни да ја поддржат оваа иницијатива. Како конкретно ќе постапиме ќе решат партиските органи кога ќе дојде моментот-велат од Беса за Пресинг ТВ.

Од останатите партии, ДУИ инсистира на т.н консензуален кандидат, додека пак СДСМ се очекува по денешниот Централен одбор да одлучи дали ова е прифатливо.

Алијансата за Албанците се изјасни дека би го подджала кандидатот на ДУИ и на СДСМ доколку тој биде Албанец, но не и ако биде партиски кадар.Во спротивно најавуваат дека ќе излезат со свој кандидат.

Засега единствено ДПА на Мендух Тачи нема излезено со информација за претседателските избори и можните кандидати.