Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, вели дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето азил на Никола Груевски.
Треба да се почекаат фактите, официјалните изјави од унгарските органи и тогаш да се изгради слика. Секако, во ЕУ постои јасно изразен политички однос кон состојбата и почитувањето на правната држава во Унгарија, тоа е познато. Не верувам дека овој случај битно ќе влијае врз таа слика, но ќе биде предмет на интересирање на медиумите и во Унгарија и надвор од неа, изјави Вајгл за МИА.
Тој смета дека бегството на поранешниот премиер не би требало “непосредно” да влијае врз евроатлантскиот пат на Македонија.
На други места се одлучува за тоа, пред сѐ во собранието со активниот однос кон договорот со Грција, и за тоа одлучуваат на индивудално ниво и пратениците во собрание кои мораат да знаат дека во прашање е иднината на нивната земја и дека не е време за тактички приоритети.
Известувачот за Македонија изрази надеж дека новонастаната ситуација нема да влијае врз атмосферата во земјата и евроатланските приоритети.
Се надевам дека во духот на правото и правилата на ЕУ ќе настапи и унгарската влада и органи, рече Вајгл за МИА.
Comments are closed for this post.