Родилка од Македонска Каменица рано изутрина починала на Клиниката за гинекологија,објави Сител. Родилката со Брза помош била донесена на ГАК во тешка здравствена состојба, а масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, дознава Сител.
Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето.
Comments are closed for this post.