Бебето на 19-годишната струмичанка која завчера се породила дома е пронајдено мртво, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера од таму соопштија дека во неделата во болница во Струмица била хоспитализирана девојка која се породила.
На 03.03.2019 околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, се огласи министерството за здравство. Било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување“, стои во извештајот на полицијата.
Телото на бебето е предадено на обдукција. Од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска земени се примероци од крв за дополнителна анализа.
Според неофицијални информации од истрагата новороденчето било фрлено во јама во полски клозет, пишува „Фокус“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.