Изборниот ден помина во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар, изјави денеска на прес-конференција јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами.
До 19 часот до основните јавни обвинителства, посочи Бајрами, нема други пријавени настани поврзани со денешниот изборен циклус.
На територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар, во селото Другово пријавено е дека еден од избирачите го фотографирал неговото гласачко ливче. По насоки на јавен обвинител одземен е телефонот за вештачење и зависно од вештачењето ќе следи соодветна пријава кон истиот“, изјави Бајрами.
Прашан дали Комисијата постапува по допрен глас за неправилности и прекршувања, Бајрами рече дека нема пријавени настани по кои тие како Јавно обвинителство би можеле да постапуваат, но дека доколку има такви настани сигурно дека ќе постапуваат.
Пријавени се настани и излезена е полицијата на место на настанот. Нема констатирани, наводи кои што се наведени во пријавата и од тие причини нема пријави до Јавното обвинителство“, изјави Бајрами.
Comments are closed for this post.