Скендер Асани, директор на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, заблагодарувајќи му се на лидерот Ахмети за посетата, и нагласи дека објектот, кој сега е во нивна сопственост, од овој момент станува нивен дом и, како што додаде, нивните обемни активности што си ги реализирале во текот на овие години ќе бидат уште поинтензивни.
Оваа зграда, покрај тоа што ќе биде научно – истражувачки објект, има и историјат, бидејќи во текот на 90-тите и по 90-тите години, оваа институција што претходно беше Американска амбасада, кои за Албанците се природен сојузник, станува наш имот. Исто така, е многу важна порака дека Северна Македонија се движи кон добар пат за евроатланската интеграција, бидејќи оваа зграда се наоѓа во другиот дел од градот што беше исклучиво македонски дел. И сега ние како институција сме овде и верувам дека ќе ја оправдаме целата поддршка што ни ја даде претседателот на ДУИ, ние да имаме сопствена зграда, како и поддршката за други проекти што ќе ни бидат предизвик, нагласи Асани.
Comments are closed for this post.