Според документите што тој ги презентираше, решението за отпочнување стечајна постапка било од причина што фирмата имала неизмирен долг од 16,5 милиони денари (околу 250 000 евра)
Фамозната фирма „СВ инвест“ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кој со Вице Заев одземаше тендери на компании коишто добиле во РЕК „Битола“, на 22 март објавила отпочнување стечајна постапка, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Станува збор за фирма која се поврзува со случајот во кој опозицијата тврди дека од фирмата „Рубитон“ било барано да отстапи дел од добиениот тендер за „СВ инвест“ или да плати рекет од 250 000 евра.
„Очигледно е дека сакаат оваа фирма свесно да ја затворат сите инволвирани во криминалот и да ја стават во стечај за да не ги поврзува ништо, ама баш ништо, ниту Столе ниту кој било друг со криминалот во РЕК ‘Битола’. Но, тоа се само нивни желби и тоа не оди така. Не може со затворање на фирма да се амнестираат делата доколку ги има и доколку е направен криминал, а видовме по пријавата дека ги има, на кој било инволвиран во целиот случај од пријавата“,
рече Арсовски.
Според документите што тој ги презентира, решението за отпочнување стечајна постапка било од причина што фирмата имала неизмирен долг од 16,5 милиони денари (околу 250 000 евра).
„Фирма, која од година во година ѝ растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019 година заработила 2,5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250 000 евра“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.