Денес диктатурата и режимот на СДСМ и на Заев се покажаа во вистинско светло. Денес во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите, изјави портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал.Каква перверзија! Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон. Почитувани граѓани, среќна нова 49! Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот „Нет Пресс“ и уредникот Дејан Николовски. Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа.УЈП ја тероризира и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев, истакна Арсовски.
Арсовски потенцираше дека сите овие медиуми и новинари се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината, болната вистина на виделина за криминалот кој го прави оваа влада откако е на власт.
Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите останати криминалци од власта на СДСМ. Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт. Апелираме до СДСМ и до власта, прекинете да вршите кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не ви се наклонети и кои не се под ваша контрола. Прекинете да ги цензурирате медиумите и прекинете да ја забранувате слободата на говорот во медиумите. Нема никого да замолчите и нема да спречите болната вистина за вашиот криминал да излезе пред очите на јавноста, додаде Арсовски.
Вие сте криминално-рекетарска банда и мора што побрзо да заминете од власта! Подвлече Арсовски.
Comments are closed for this post.