Целата истрага за случајот „Рекет“ е една огромна фарса. Цели 5 месеци, Рускоска обвинителството, Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Судот и сите останати ги манипулираат граѓаните и јавноста, си играат со нивната интелигенција и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминално-рекетарски скандал во историјата на Република Македониј изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствена цел на оваа фарса, режирана од Рускоска и Јовевски, под диктат на Зоран Заев, е да се прикријат Кики, Фрики, Шеки, Баки и другите, за да не се стигне до главата на октоподот која се наоѓа во врвот на Владата. Сите знаат кој е главата на октоподот и сите знаат кој е нарачателот на рекетот, бидејќи Бојан Јовановски сам ниту на сон не можел да рекетира. Истрагата целиот период се водеше непрофесионално и со бројни сомнежи кои упатуваат на тоа да ги прикријат трагите на вистината, вели Арсовски.
Comments are closed for this post.