Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка од позицијата Директор на Националната агенција, бидејќи заглавена е во сомнеж за криминал до гуша, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Денес, сакаме да поставиме неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, проект во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар. Прашањата кои што сакаме да бидат одговорени, кои што бара јавноста да бидат одговорени се следни:
Дали за овој проект кој што го споменав претходно во вредност од 54.000 евра, главен протеже да го добие ова училиште во Националната агенција била Претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ?
Бидејќи, прва братучедка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставник вработен во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ кое го добило проектот, додека пак нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето.
Дали Маринела Тушева помогнала да го добие проектот училиштето во кое работи нејзината прва братучедка и нејзиниот вујко е член на училишниот одбор?
Дали има одлуки на наставнички совет, училишен одбор и Управен одбор за подготовка на апликацијата и реализација на истиот проект за кој се побарувани парите? Дали поминала одлуката на гласање на некое од овие тела кои што ги споменав?
Потребно е да се направи План за посебна проектна сметка во буџетот на училиштето, преку која ќе се реализира овој проект, па така дали има таква сметка во училиштето?
Дали воопшто некој знае за овие средства дека влегле во училиштето?
И за крај, каде и на чии сметки завршиле овие пари, односно кој е финалниот извештај, и дали ќе може да биде објавен од страна на Националната агенција и училиштето за да се отстранат сите сомнежи?
Па така, ако се уште не ви е јасно од каде и е силата на Лидија Димова и зошто се уште не е променета и разрешена од директор на институцијата, од страна на Управниот одбор на Агенцијата кој го води Маринела Тушева, одговорот може да го добиете во оваа прес конференција порача Арсовски.
Comments are closed for this post.