Во последните неколку месеци државната и јавната администрација се користата како апарат за вдомување на партиски кадар и тоа само пред избори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведуваат од партијата, на тој начин власта врши чиста изборна корупција и поткуп на гласачи.
Во последните 4 месеци само во Царинската управа е распишан оглас за вработувања на над 160 лица, 58 во октомври, 78 во јануари и 24 во февруари. Огласи за работа во последните неколку дена пред распишување на изборите се објавени и во Македонски железници, Пазарен инспекторат, Генерален секретаријат на владата и Министерството за локална самоуправа. Истата ситуација се случува и во локалните претпријатија. Вчера ЈП Водовод и канализација рапсиша оглас за вработување на над 140 лица – наведе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Како што посочува Арсовски, масовното вработување во администрација непосредно пред избори е ноторен пример за изборна корупција, додавајќи дека само за неколку дена има стотина огласи за вработување во администрација.
Во изминатиов период видовме дека администрацијата е главно место за вработување на децата на функционерите на власта и партиските активисти.
Јавноста памети безброј примери за партиски вработувања. Оваа власт ги вработи синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, синот на Владо Бучковски и сестрата на министерот Бектеши во МЕПСО, а синот на Љубомир Фрчковски е поставен за помошник директор во ПУИК, додека пак сега најнов случај на вработување на деца на функционери е синот на пратеникот Мисовски, кој е вработен Агенцијата за супервизија на осигурување – вели Арсовски.
Според него, непотизмот е главна одлика на оваа власт и начинот на функционирање на СДСМ. На тој начин, вели Арсовски, јасно се покажува дека работата во администрација е разервирана за децата на функционерите при што нема ни мерит систем ниту, пак, критериуми за вработување.
Comments are closed for this post.