По пуштањето на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, и откако обвинителката Вилма Рускоска му испратила смс на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат Катица дека ќе отвори финансиска истрага, Апелацискиот суд е кренат на нозе, јавува СДК.МК.
Порталот дознал дека дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум за содржината на пријавата до МВР против Рускоска кон тројцата апелациски судии кои ја донеле одлуката за Јанева. Од Апелацискиот суд за сдк.мк велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.
Рускоска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.
Comments are closed for this post.