Поднесителите на иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распишување на референдум ја оценуваат како скандалозна и спротивна од правото. Димитар Апасиев од „Левица“ и Тодор Петров од СМК сметаат дека дел од судиите биле под политичко влијание при донесувањето на одлуката.
Ова е срамен ден за владеењето на правото во Република Македонија. Денес е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите, рече Апасиев и додаде дека бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава.
Првиот човек на СМК пак смета дека одлуката на Судот само ќе ја потикне одлуката на граѓаните да го бојкотираат референдумот.
Одлуката на Уставниот суд за нас е неприфатлива. Судиите во расправата беа контрадикторни. Оваа одлука ќе ја зацврсти волјата на народот за бојкот на референдумот и масовна неизлезност на 30. септември“, рече Петров.
Comments are closed for this post.