нтикорупциската комисија отворила предмет за имотната состојбата на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, потврдила претседателката на комисијата Билјана Ивановска за Телма ТВ.
Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка односно дека нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг“ зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години. Дополнително, рекоа тие, и ќерката на Црвенковска била вработена во банката. Оттука тие реагираа дека сега на чело на Судскиот совет кој ја контролира работата на судовите кои треба да судат за случувањата со Еуростандард банка, е поставена сопруга на должник на банката.
Од друга страна, Црвенковска негира дека нејзиното семејство учествувало во малверзации со кредити и дополнително потенцира оти Судскиот совет носи одлука со мнозинство гласови. Вели дека кога и да се одлучувало за некаков предмет со банката таа се изземала и така, тврди, ќе постапува и понатаму. Таа изрази и сомнеж дека некому му смета нејзиниот избор за претседателка, па сака да ја дискредитира.
Во однос на нејзиниот анкетен лист, таа објасни дека не била пријавена фирмата затоа што една година пред да биде избрана за членка на Судскиот совет била отворена стечајна постапка и од тогаш нејзиниот сопруг нема никаква капитална поврзаност со фирмата.
„Во однос на Анкетниот лист, стечајната постапка на фирмата е отворена една година пред мојот избор за член на Судскиот совет, кога и го поднесов анкетниот лист. Со денот на отворање на стечајна постапка, е именуван стечаен управник кој целосно управува со друштвото во стечај и ја има целосната капитална контрола заедно со другите органи, стечајниот судија и одборот на доверители. Од тој ден мојот сопруг повеќе нема капитална поврзаност со фирмата ’Екопласт рисајклинг‘, што значи дека нема што да се пријави во анкетниот лист поврзано со неговиот удел и кредит“,
вели Црвенковска.
Comments are closed for this post.