Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, а ги објавува Дојче Веле.

Истражувањето на јавното мислење било направено преку различни агенции. Гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, додека во вториот круг тие во најголем број би излегле да гласаат, а помал дел нема да учествуваат.

Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг.

По барање на СДСМ досега се спровеле повеќе истражувања на јавното мислење преку различни агенции, а добиените споредбени резултати целосно се совпаѓале. Истражувањата на јавното мислење биле спреведени теренски, според методот „лице в лице“ на примероци од најмалку 1.200 испитаници.