Граѓаните не поддржуваат членство во ЕУ ако тоа значи прифаќање на барањата на Бугарија, се резултатите од вчерашната анкета на платформата „Омнибус“.

На прашањето за поддршка за влез во ЕУ со услови од Бугарија како што се промена на јазик и историја, 64 отсто од испитаниците рекле дека се против а само 22 поддржуваат.

Премиерот Мицкоски минатата недела изјави дека нема ништо против да се сретне со новиот бугарски премиер Жељасков но оти нема промена во ставот на позицијата за уставни измени со одложено дејство и гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последно барање.