Поделби по партиска линија има, но проблемот е што доктрината на македонизмот според својата природа е националистичка, зашто се темели на историско и политичко конјуктурено и манипулативно читање на минатото. Специфична за Република Северна Македонија е околноста што единствено таму во комунистичка Југославија беше дозволено националистичкиот пристап да го моделира развојот на федералната единица, вели во интервју за софиски „24 часа“ екс-бугарскиот амбасадор во Скопје и актуелен прв човек на бугарскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за историските прашања, Ангел Димитров.
Според него, овие ставови се длабоки повеќе од 70 години, зашто формирале перцепција на барем четири поколенија.
Наспроти модификациите на македонистичката доктрина, национализмот е доминирачки став, проникнат во сите сега постоечки македонски партии. Моментно како основна идејна разлика меѓу власта и опозицијата се демонстрира во односот кон неопходните компромиси за постигнување на европската и евроатлантската интеграција и конкретно кон потпишаните договори со Грција и Бугарија. Делови од соодветните партиски приврзаници, меѓутоа, имаат различни ставови од официјалните партиски позиции, особено кон нашиот Договор за пријателство и добрососедство. За некои од приврзаниците на СДСМ договорот со Бугарија е неприфатлив, зашто тие се уште се под влијание на старите антибугарски митови и стереотипи. За дел од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, зближувањето со Бугарија е латентно посакувано. Внатрешнополитичките околности се усложнети, албанскиот фактор е неизбежен и можни се нови партиски престројувања. Надминувањето на националистичките ставови нема да биде лесно, но интеграциските процеси неизбежно ќе ги еродираат изнемоштените митови и стереотипи. За добрата иднина на младата држава неопходна е историска и политичка катарза, вели Димитров.
Comments are closed for this post.