Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ.
-И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Македонија.
Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин.
Амнести истакнува дека Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19.
Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Македонија, туку и се влошила со пандемијата.
-Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза.
Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин.
Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Македонија посебно на работното место за време на пандемијата.
-Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа.
Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час.
Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство.
Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август.
Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од коронавирус.
Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести.
Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА.
Конечно Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.
Comments are closed for this post.