Дали најмалиот албански коалициски партнер започна со кампања за изборите на Советот на Општина Тетово?
Ваков впечаток се стекнува откако денеска директорот во Фондот за пензиско и инвалидско Дритан Беџети додели решенија за вработување на 50 партиски кадри токму од органокот во Тетово.
Албанските медиуми пренесуваат дека ова предизвикало неописливи емоции кај вработените во Фондот, кои како никогаш досега беа исклучително задоволни од историската акција на Алтернативната рамка кон вработените Албанци.
Со големо задоволство денеска примив 50 Албанци кои потпишаа договори за вработување.
На сите млади професионалци, ви посакувам здравје и успех во работата.Да продолжиме..-истакнал Беџети на примот на новите кадри.
Директорот истовремено е и раководител на тетовската подружница од Алтернатива.
Comments are closed for this post.