Алијансата за Албанците ќе поддржат консензуален кандидат за претседател на државата, но само доколку тој биде Албанец, дознава Пресинг ТВ од партиски извори.
Оттаму брифираат дека стојат на ставот дека мора да има кандидат за претседател на државата Албанец кој не мора да биде од нивната партија. Од Алијансата велат дека има многу интелектуалци Албанци кои заслужуваат да бидат претседател на Македонија.
Но, од партијата на Зијадин Села нагласуваат дека ќе го поддржат т.н консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ само доколку тој не биде партиски кандидат.
Во тој случај од Алијансата за Албанците размислуваат да излезат со свој кандидат. Од кандидатите Македонци кои би биле прифатливи за Алијансата е професорот Денко Малески.
Пред неколку денови премиерот Заев најави дека на анкетата што ја нарачале имало десет имиња со двајца Албанци меѓу нив. Пресинг ТВ објави дека еден од нив е професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети.
Од останатите партии на Албанците, Беса и ДПА се уште се немаат изјаснето дали ќе излезат со свој кандидат или ќе го поддржат изборот на СДСМ и ДУИ.
Comments are closed for this post.