Ален Лероа, поранешниот специјален претставник на ЕУ во земјава посочи дека потпишувањето на Охридскиот договор не беше лесна задача за државата и за претседателот Трајковски и додаде дека верува оти во тоа време Трајковски не бил многу популарен кај народот, бидејќи, како што рече, беше храбар и не го кажуваше тоа што сакаше народот да го чуе, туку вистината.
Во тоа време речиси секојдневно се гледав со претседателот Трајковски кој беше опседнат со судбината на земјата. Беше голем државник со високи вредности и вистински демократ кој ги ценеше луѓето. Сите лидери имаа целосна доверба во него и во неговата визија. Тој беше секогаш достапен кога требаше да се донесе некое важно решение. Имаше емпатија за сите. Доколку не го направеше тоа што го направи ќе беше могу страшно и ќе имаше граѓанска војна. Благодарение на него помалку луѓе загинаа, рече Лероа и додаде дека Трајковски беше вистински човек за помирување
Comments are closed for this post.