Надвиснуваат ли темни облаци врз иницијативата „Отворен Балкан“? Еден од најдобрите проекти во регионот во последните деценции кои има за цел економска соработка а не да „бистри“ политика и да шири национализам е под голем притисок од страна на албански политичари.
Почетниот удар го зададе премиерот на Албанија Еди Рама кој неодамна рече дека смета оти доаѓа крајот на „Отворениот Балкан“.
На ова се надоврзаа албански лидери од Македонија кои бараат власта да се повлече од оваа иницијатива. Најжестокки во критиките се лидерот на Алијанса на Алтернатива Арбен Таравари и движњето Беса.
Тие овој проект го поврзуваат со некакво воскреснување на Југославија и промовирање на српскиот национализам што воопшто нема допирна точка со вистината. Нивната најголема болка е што Косово не е дел од овој проект.
„Oтворениот Балкан“ промовираше слободен проток на луѓе и стоки, признавањето на дипломи и лиценци, патување со лични карти.. Последниот прокет беше патување со еден таг низ патарините во Србија и во Мкедонија со што се избегнуваат гужви на патиштата, посебно во летниот период.
Comments are closed for this post.