Дали немнозинството на власта за уставни измени од 70 пратеници ќе стане уште помало.Тоа се насетува од изјавата на Изет Меџити од новата партија Демократско движење, Меџити за Еуроњуз Албанија изјави дека за нив уставните измени се прифатливи ако има промена на позицијата на Албанците како втора заедница во државата.
-Не се согласуваме Албанците да бидат рамноправни со другите заедници кои имаат 300 луѓе, затоа што ова навистина нема смисла. Ако се дозволи ова, тогаш ќе имаме многу проблеми со Бадентеровиот принцип, кој принцип беше еден од клучните фактори за постигнување мир во 2001 година. Затоа, прифаќањето на Албанците како државотворни би го официјализирало и албанскиот јазик на државно ниво и не би ги имале актуелните неизвесности како резултат на разни толкувања – смета Меџити.
Comments are closed for this post.