Активистите од невладината организација „Ековита“, кои се противат на изградба на депонија во Неготино, побараа од локалната самоуправа на наредната седница на општинскиот Совет на дневен ред да биде ставена и точка за депонија и да биде повлечена целокупната процедура за овој проект.
Активистите за својата иницијатива побараа поддршка и од локалните винарии и планинарските и други друштва.
– Ние активистите од невладината организација ,,Ековита” сакаме да ја информираме јавноста дека ги повикуваме сите граѓани на општина Неготино да се приклучат на нашата иницијатива и да го дадат својот потпис против депонијата што се планинара да се изгради близу селото Пепелиште, стои меѓу другото во соопштението на организацијата.
„Ековита“ оценува дека граѓаните на Општина Неготино ќе немаат никаков бенифит оваа инвестиција, а таа ќе им донесе „многу лоши последици по здравјето и многу канцерогени заболувања и смрт“.
– На граѓаните им порачуваме да не се плашат од ништо. Никакви закани, уцени и притисоци нека не ве спречуваат да го исполните вашето граѓанско право и да се потпишете против оваа штетна одлука која смртоносно ќе влијае на сите граѓани, се вели во соопштението на ,,Ековита”.
Comments are closed for this post.