Се сеќавате на 2004 година и референдумот за Законот за територијалната поделбa? Странците и домашните „вазали“ на СДСМ на чело со Владо Бучковски повикуваа „останете дома, некои прашања не заслужуваат одговор“.

Резултатот на тоа беше 20 години во Кичево и некои други општини беа „окупирани“ од страна на ДУИ. Неколку пати македонски кандидат беше блиску да ја осови општина Кичево но не успеваше поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не беа единствени и во вториот круг секогаш победуваше кандидатот на ДУИ
Се до вчера кога кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски успеа да го победи Фатмир Дехари кој беше симбол за корупција, башибозук а граѓаните најмногу го знаеја по онаа славна фотографија со Радмила Шекеринска под знамето на УЧК.

Јовановски е добро познат на кичевчани, и граѓаните се убедени дека тој ќе работи за доброто на сите, без разлика дали се Македонци или Албанци. Граѓаните имаат реални проблеми и воопшто е неважно што од која националност е првиот човек на општината.

Затоа на овие избори ВМРО-ДПМНЕ не го освои Кичево туку градот им се врати на кичевчани а се ослободи од ДУИ и Дехари. Moжеме да претпоставиме што ќе се случеше ако противкандидат на Дехари беше кадар на СДСМ-сигурно ќе бараа од гласачите да гласаат за него во името на меѓуетничките односи
Чартерите на ДУИ
Колку е значајна победата на ВМРО-ДПМНЕ покажува и фактот што ДУИ по никоја цена не сака да се откаже да го има под свое владение. Дури 12 авиони слетаа во Скопје и Охрид со гласачи од дијаспората а некои дојдоа и со автобуси и автомобили. Тие гласаа за Дехари и веднаш си заминаа во своите домови во „Швицарска“, „Немачка“ и Австрија. Се враќаа онаму каде што е подобро и поорганизирано за нам да ни го остават Дехари. Но, кичевчани покажаа дека знаат да се одбранат од чартер-десантот на ДУИ.







Comments are closed for this post.