Иако од Мала Речица најавија дека сами ќе одат на избори, сепак лидерот на ДУИ и денеска порача дека остава отворена врата за одлука за консензуален кандидат.
Тој не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските.
„За добро на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус. Останува отворено прашање и ќе одлучи раководството на ДУИ. Јас не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори бидејќи треба Македонија има поважна агенда особено сега по затворање на важни прашања како преспански, охридски и договорот со Бугарија. Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на престедателски кандидат“ , изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.