Најголемата вредност на Договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност зачленувајќи се во најголемата политичка – воена организација НАТО и Европската Унија. Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември, затоа што после овој датум се отвараат вратите на НАТО каде после 15 месеци ќе бидеме полноправна членка и за ова Ви гарантирам. На 30 септември се отвараат вратите и за влез во Европската Унија, за што во јуни следната година ќе почнат преговорите за членство. Затоа ајде сите заедно на 30 септември да гласаме за иднината на новите генерации, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети во Боговиње.
Ахмети заедно со пратеникот Џеват Адеми и вицепремиерот Хазби Лика го посетија Боговиње и Брвеница и ги повикаа жителите да гласаат За на референдумот 30 септември.
Comments are closed for this post.