Боки 13 и Зоран Милески Кичеец биле следени речиси еден месец пред да бидат уапсени
Ова се дел од доказите обезбедени со посебните истражни мерки кои им биле дадени на увид на адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева.

Освен снимките од безбедносните камери и аудио снимките на кои се слуша нејзиниот глас, тие потврдија дека ги виделе и пи-мерките применети врз Јанева, односно дека и таа била следена десет дена пред да ја уапсат на 21 август.

Јанева денеска очекува и одлука на судот за определениот притвор откако Апелација го доби мислење од Вишото јавно обвинителство по жалбата на адвокатите за одлуката на кривичен да и го продолжи притворот.

Адвокатите на Јанева велат дека очекуваат таа да замине во домашен притвор.