По повод 55 јубилејни години, одлучивме да вложиме во нешто корисно за сите нас, наместо да организираме гламурозен настан. Ние сме производители од Македонија и внимаваме што ќе оставиме на идните генерации.

Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа овојпат ќе засадиме 7500 дрвца од видот Јасен, на површина од 3 хектари, во околината на Скопје.

Ова го правиме плански и во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ и само во првите 20 години овие дрвја ќе апсорбираат околу 1500 тони CO₂ од атмосферата.

Инвестиравме и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нашите фабрички кровови и со ова успеваме целото работење да го покриеме од сопственото производство на обновлива енергија.
Акцијата е поттикната од нашите вредности – Профитабилност, но и одржливост. Ние инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина. Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја.


Комерцијална објава