Поранешниот припадник на ОНА, Абедин Зимбери од скоро е вработен во контрола на летање М-НАВ, објавува “Лидер”. Дека е вработен во М-НАВ според пишувањата Зимбери објавил и на неговиот Фејсбук профил. Нема информација на која позиција е вработен.

Зимбери има завршено факултет за физичка култура и нема никаква квалификација за оваа институција, која се занимава со контрола на воздушниот простор во Република Македонија и е позната по екстремно високите плати. Од контрола на летање не одговараат колкава му е платата на Зимбери, но од наши извори дознаваме дека се работи за плата од над 1000 евра (60.000 денари), пишува порталот.

Зимбери беше и пратеник и еден од најгласните во барањата за права и привилегии за поранешните борци на ОНА.