Новиот обвинител за гонење на организиран криминал бадијала се обидуваше да го релативизира фактот што доаѓа од исто село како првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Двајцата се од Зајас, но според Абази немале лични контакти.
Но, каменот доаѓа од блиску, па така токму медиумите на албански јазик побрзаа да го демантираат Абази.Тој не само што што се знае со првите луѓе на ДУИ туку има и близок контакт.
Па така почнаа да се редат фотографии на обвинителот со Невзат Бејта, па на лов со Дилавер Бектеши кој му е колега обвинител од Кичево близок до ДУИ, па тоа на некоја семејна средба со братот на Али Ахмети.
На овие фотографии останува уште новиот обвинител да излезе и да каже дека со „првите луѓе на ДУИ се знае од телевизија“.
Дискутабилно е како Абази би гонел криминал во редовите на ДУИ кога е повеќе од јасно дека не се познаници туку пријатели.
Затоа министерот за правда Тупанчевски не треба да релативизира дека „времето ќе покажело дали обвинувањата за поврзаност на Абази со ДУИ имаат основа.“.
Во целиот циркус со изборот на новиот обвинител можеби најискрен е претседателот на Собранието Џафери кој барем си призна дека е некоректно да каже дека не го познава Абази во оваа мала држава.
Comments are closed for this post.