Алијанса за Албанците и Алтернатива со реакција на прес-конференција на премиерот Зоран Заев, во однос на легалицацијата на дрогите како и за запленети наркотици на роднина на заменик министерот на МВР.
„Последните денови сме сведоци на акции од страна на МВР за фаќање на наркотици во земјата, каде што по акцијата во Арачиново, пред неколку дена го имавме најфлагрантниот случај, со запленети наркотици кај роднина на заменик министерот на МВР, Назим Буши, на кој му се запленети преку 100 кг наркотици. Овие полициски акции доаѓаат пред најавата за предлог закон за легализација на наркотици во Северна Македонија, најавени од ова Власт и од Премиерот Зоран Заев.
Од страна на МВР до денеска немаме подетални информации во врска со овие акции и кој се е одговорен, но последниот случај со запленети наркотици кај роднината на Зам. Министерот Буши, не носи до мислењето дека во овие случаи во трговија со наркотици се вклучени експоненти од власта. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара Оставка од Зам. Министерот на МВР, од морална причина, но сметаме дека истиот може да влијае во разјаснување на случајот за време на истрагата но и врз судењето за такво кривично дело.
Премиерот Заев, денеска на Прес-конференција во врска со Предлог Законот за легализација на наркотици, повеќе беше заинтересиран за придобивките од легализација на ова индустрија, што ќе придонесе за Владата, не сметајќи на последиците и проблемите кои може да ги предизвика овој закон кај граѓаните на земјава. Зоран Заев изгледа брза во неговите напори за да овој закон што поскоро да помине во Парламент и со ова тенденциозно сака да ги покрие последните настани со запленети наркотици и другите криминални случаи кои речиси секој ден се случуваат во бизнисот со наркотици.
Затоа ние го прашуваме Премиерот Заев, дали е се во материјална придобивка на Владата?
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, нема да подржи таква идеја за легализација на наркотици и нема да гласи таков закон, бидејќи нашата дилема е дали на Премиерот Заев по битна му е семејната економија или државната економија? Дали ние како општество и како држава сме подготвени да гласаме таков закон, кој би ја легализирала употребата на наркотици од граѓаните?
Прво, Премиерот Заев и МВР треба да ги расчистат овие криминални дејства со наркотици, со што би требало поголема безбедност за граѓаните во случај на легализација на употреба на наркотици.
Граѓанинот секогаш на прво место!
Comments are closed for this post.