Седумдесет отсто од ИТ професионалците се пасивни баратели на работа. Најбарани се програмерите, особено на сениорски позиции.
Ова го покажува истражувањето на компанијата Лаика која го поврзува ИТ секторот од земјава, Србија, Бугарија и Хрватска на една платформа и им помага да најдат работа, но од друга страна и ИТ компаниите да најдат нови кадри.
Според Лаика тоа што не бараат работа, значи дека тие веќе имаат работа со која можеби се задоволни и не се јавуваат на работни огласи, но доколку им се понуди подобра можност со услови кои им одговараат – ќе ја прифатат.
Вклучените ИТ професионалци укажале дека дел од понудите кои ги добиваат се несоодветни на нивното искуство и вештини, или пак се пречести.
Програмерите, а собено оние на сениорски позиции се како пикадо мета. Немаат време да ги менаџираат сите понуди кои ги добиваат и не им се допаѓа кога добиваат несоодветни понуди – алудирајќи дека претставниците од компаниите се несериозни бидејќи не истражиле доволно, посочуваат од Лаика
Comments are closed for this post.