Поранешниот премиер Зоран Заев и сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче влегуваат во се поголема замка за нивната поврзаност со запленетите 40 тони марихуана, акција кога е спроведена како резултат на петте тони запленети во Србија.

Дел од пронајдената дрога во Србија потекнува од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев. Оттаму се одземени близу 30 тони марихуана.

Дека Заев и Филипче не само што се знаат туку се и соработнтици покажува и фотографијата на која се Тони Котев и лидерот на СДСМ.

Филипче вчера во емисијата „Само вистина“ рече заплената на дрогата кај Котев е дефокус.

Ова е дефокус бидејќи нема одговор од главните прашања. Дрогата очигледно потекнува од Македонија. Кој е на власт две години и што правеле до сега? праша Филипче.