Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?, Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ, објави на својот Фејсбук профил, премиерот, Христијан Мицкоски.

​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.

Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, напиша Мицкоски.